Судот во Санкт Петербург го осуди Јуриј Малев на три и пол години затвор под обвинение за „рехабилитација на нацизмот“.
60-годишниот Мавлев е државјанин на Русија и на Соединетите Американски Држави, пишува РСЕ на англиски јазик.
Обвинението против него произлегло од две објави на социјалната мрежа Однокласници во кои обвинителите велат дека тој ја сквернавил лентата на Свети Ѓорѓија, што е широко прифатен воен симбол во Русија.
Во една од своите објави, тој ја нарече лентата „знак за препознавање на личност со нетрадиционална сексуална ориентација“.
Видете и ова: Бајден во Франција на прославата на „Денот Д“ , средби со Макрон и ЗеленскиДруга објава содржеше фотографија од труп со ознака во боите на лентата и натпис „како правилно да се носи лентата на Свети Ѓорѓија“.
Судот оцени дека Малев со своите објави го „извалка симболот на руската воена слава, го навреди споменот на бранителите на татковината и ја понижи честа и достоинството на ветераните од Големата патриотска војна“.
Малев ја призна вината.
Покрај затворската казна, судот му изрече и забрана „да се занимава со дејност пласирање материјали во информатички и телекомуникациски мрежи“ во траење од една и пол година.
Лентата на Свети Ѓорѓија, која се совпаѓа со лентата со крстот на Свети Георгија воспоставена од Катерина Втора и Редот на Советската гарда од Втората светска војна, се користи во модерна Русија како симбол на Денот на победата и, од 2022 година, на инвазијата на Украина.
Од септември 2022 година, лентата е прогласена за „симбол на воената слава“ на Русија, за чие сквернавење Владимир Путин воведе затворски казни до пет години.