Украина соборила 22 од 27 руски дронови во текот на ноќта

илустрација

Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле 22 од 27 беспилотни летала од типот Шахед лансирани во пет украински региони во ноќен напад од страна на Русија во средата.

„Нападот оштети индустриски објект и повреди едно лице во регионот Полтава“, изјави гувернерот Филип Пронин на апликацијата за пораки Телеграм.

Украинската армија уништи шест беспилотни летала над јужниот регион Миколаев, изјави нејзиниот гувернер.

„Урнатините од едната уништија приватна куќа, а оштетија уште 10, но нема пријавени жртви“, додаде тој.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Како е да се оди на училиште во украинските територии, окупирани од Русија?

Четири беспилотни летала беа соборени над јужниот регион Херсон и други четири над централниот регион Дњепропетровск, соопштија регионалните гувернери.

Цел на нападот бил и северниот регион Шуми, а регионалните власти не објавиле детали за штетите.