Влада ќе се формира нешто порано од роковите

Влада на РСМ

Во четврток претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова ќе му го додели мандатот за формирање нова влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Рокот за доставување на мандатот завршува на 7 јуни, откога почнува да течат дваесетте дена за формирање влада, но таа денеска за медиумите изјави дека можно е и порано да го додели мандатот за формирање нова влада.

„Се зависи од ситуацијата. Уставот вели 10 дена и потоа 20 дена за да се состави владата. Јас ќе ги проучам термините“, рече Сиљановска Давкова.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во таа насока изјави дека новата Влада ќе биде формирана согласно уставните рокови и оти се уште се во тек разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ. Неговите очекувања се дека новата влада би можела да биде формирана малку порано од крајниот рок.

Тие се уште разговараат за нова влада, иако поделбата на ресори веќе се е објавена, а неофицијално се споменуваат и имиња на новите министри. Сепак, се уште нема официјална инфоамција кога ќе биде финализиран конечниот договор за формирање влада.

Видете и ова: Пратеникот Џафери ќе го контролира премиерот Џафери?

Доколку Сиљановска Давкова на 6 јуни го додели мандатот, 20 дена за формирање Влада ќе бидат на 25 јуни. Партиски извори за МИА, велат дека Собранието би можело и порано да ја изгласа новата влада.

По вчерашната прва координација на претседателот на Собранието Африм Гаши со координаторите на пратеничките групи, неговиот Кабинет соопшти дека до крајот на работната недела би можело да се очекува да биде свикана седница за верификација на уште преостанатите два пратенички мандати.

Во Собранието се прават подготвки за измени на новиот Закон за организација на работата на органите на државната управа. Денеска Комисијата за прашања на изборите и именувањата го изгласа составот на Комисијата за политилки систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно - правната комисија. Но, за да се донесат измените на овој закон потребно е двотретинско мнозинство, кое според сегашната математика мнозинството го нема.