Нема вето за вашата земја, рече денеска германската амбасадорка Петра Дрекслер, на настанот по повод Денот на Европа во организација на Европското движење во Северна Македонија во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер.
Според неа, Европа се состои од компромиси, кои се важна основа за Европската Унија во прцесот за пристапување. Таа вели дека основата за членство во ЕУ е процесот на реформи.
„Земјите членки се согласни дека треба да се овозможи почеток на преговори, а германската перспектива е зајакнување на Европа и нанадвор и навнатре, а треба да најдеме начин како да постигнеме решение во рамките на Европа. Повеќето одлуки во ЕУ се донесуваат со квалификувано мнозинство, рече Дрекслер.
Видете и ова: Сиљановска-Давкова: Да се обидеме да бидеме „скандинавци“ со соседитеГерманската страна, додаде таа, може да се замисли дека треба да се зголеми бројот на одлуки што се донесуваат со квалификувано мнозинство.
„Меѓутоа јадрото на нашата силина е да настојуваме да постигнеме компромиси. Не смееме да се откажеме од компромисите. А почетокот и крајот на преговорите се одлуки што се донесуваат едногласно. Во оваа сфера не се изменило ништо, заклучи германската амбасадорка.
Словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш, пак, кажа дека Словачка е силен поддржувач на овој регион со низа иницијативи. Маркуш порача дека не треба да се чека Северна Македонија да ги надмине проблемите. Ние 20 години после Солун, оцени Маркуш, се уште зборуваме во која мера проширувањето е важно, а не зборуваме доволно како да се направи тоа. Ние се движиме низ непродуктивни ставови, многу тешко е тоа да се надмине.