По три дена неуспешни обиди, уставните судии избраа нов претседател. Дарко Костовски од денеска(4 јуни) е на чело на Уставниот суд откако добил двотретинско мнозинство (6 гласа) од вкупно деветмината уставни судии.
Мандатот на претходната претседателка, судијката Добрила Кацарска, истече на 2 јуни.
Обидите да се избере нејзин наследник започнаа на 30 мај и имаше вкупно осум круга на гласање. Првично, кандидатки беа Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павлова-Данева.
Вчера, од трката прво се откажа Павлова-Данева, а Васиќ-Бозаџиева и како единствена кандидатка не успеа да собере вкупно шест гласа.
Потоа, следуваше обид да се избере судијата Осман Кадриу, но и тој доби само пет гласа од потребните шест.
Видете и ова: По деветти пат судиите ќе гласаат за претседател на Уставен судМандатот на претседателот на Уставниот суд трае три години и тој нема право на реизбор. Претседателот се бира од редовите на уставните судии.
Дарко Костадиновски е судија во Уставен од 11 јануари 2018 година. Како и на останатите уставни судии, мандатот му е девет години односно до почетокот на јануари 2028 година.
Костадиновски е доктор на правни науки. Пред да стане уставен судија, од 2001 до 2018 година работеше во Кабинетот на претседателот на Република Македонија.
Во тој период, првично работи како асистент на советникот за надворешна политика и раководител на одделението за ЕУ и НАТО. Од 2010 до 2018 година е државен советник за надворешна политика, а од 2015 до јануари 2018 година, ја извршуваше должноста пратеник на Република Македонија во Алијансата на цивилизациите на Обединетите Нации.