Соединетите Држави апелираа до Советот за безбедност на Обединетите Нации да го поддржи планот од три фази, објавен од американскиот претседател Џо Бајден, за ставање крај на војната во Газа, ослободување на сите заложници и испраќање голема помош на опустошената територија.
Американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд, изјави дека САД ја споделиле нацрт-резолуцијата со другите членки на Советот за безбедност за да го поддржат крајот на конфликтот што започна со ненадејниот напад на Хамас (која САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација) на 7 октомври минатата година, на југот на Израел, а во кој загинаа околу 1200 луѓе, главно цивили.
Видете и ова: Бајден го повика Хамас да го прифати новиот израелски план за прекин на огнот„Бројни лидери и влади, вклучително и оние во регионот, го поддржаа планот и го повикуваме Советот за безбедност да им се придружи во повикот за спроведување на овој договор без одлагање и без дополнителни услови“, се наведува во изјавата на амбасадорката.
Нацрт-резолуцијата до која дојдоа американските медиуми го поздравува договорот објавен од Бајден на 31 мај и го повикува Хамас „да го прифати целосно и да ги исполни своите услови без одлагање и без услови“.