Ватикан во понеделник ( 3 јуни) ги повика граѓаните на Европската Унија кои би можеле да гласаат за екстремно десничарските партии на изборите за Европскиот парламент оваа недела, да останат со симпатии кон мигрантите и бегалците, јавува новинската агенција Ројтерс.
Екстремно десничарските и конзервативните партии се очекува даосвојот голме број на пратеници на гласањето на 6-9 јуни, потенцијално наклонувајќи ја политиката на Европската унија кон построг пристап кон законот, редот и безбедноста на границите.
Ватикан вообичаено не зазема политичка страна, но за време на неговото 11-годишно раководење со Ватикан, папата Франциск постојано зборува за правата на мигрантите и повикува на похуманитарен пристап од западните влади.
„Гласачите треба да се стават во кожата на мигрантите и да сфатат дека и тие би сакале да бараат подобар живот во Европа“, изјави кардиналот Мајкл Черни, шеф на канцеларијата за човечки развој на Ватикан.
Видете и ова: Папата се извини за употреба на несоодветен термин упатен кон ЛГБТИ лицатаЧерни одговори на прашањето дали е загрижен од изборните придобивки на екстремната десница на ЕУ на прес-конференцијата на која беше објавена папската порака за Светскиот ден на мигрантите и бегалците на Католичката црква, кој се паѓа на 29 септември.
Кардиналот, син на чешки имигранти во Канада, кој носи крст направен од дрво на брод со мигранти што слета на италијанскиот остров Лампедуза, рече дека е важно мигрантите да не се обезличуваат. Тој додаде, истакна дека многу Европејци имаат семејна историја на имиграција.
„Срамота е, навистина штета, што по една или две генерации едно семејство може да ги заборави сопствените миграциски корени“, рече тој.