Еден украински цивил бил убиен, а двајца други биле ранети во најмалку пет ракетни напади на Русија врз градот Слобожанске, јужно од градот Харкив, на 3 јуни, изјави регионалниот гувернер Олех Синјехубов на Телеграм.
„Погоден е рекреативен комплекс, еден цивил е убиен. Двајца цивили, маж и жена, се ранети“, напиша Синјехубов.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Руските сили во изминатите неколку недели ги интензивираа нападите врз Харкив, вториот по големина град во Украина и лоциран на околу 34 километри од границата.
Во ракетен напад на 31 мај, на градската област Новобавар, загинаа девет лица, а неколку други беа ранети.
Новите руски напади следуваат неколку дена откако американскиот претседател Џо Бајден и даде дозвола на Украина да користи американска муниција за да напаѓа внатре во Русија со ограничена цел да го брани Харкив.