Клаудија Шејнбаум извојуваше убедлива победа и стана првата жена претседател на Мексико, наследувајќи го проектот на нејзиниот ментор и лидер во заминување Андрес Мануел Лопез Обрадор, чија популарност меѓу сиромашните и помогна да триумфира.
Шејнбаум, научничка за клима и поранешна градоначалничка на Мексико Сити, победи на претседателските избори со меѓу 58,3 и 60,7 отсто од гласовите. Тоа треба да биде највисокиот процент на гласови во демократската историја на Мексико.
Владејачката коалиција исто така беше на пат за можно двотретинско супермнозинство во двата дома на Конгресот, што ќе и овозможи на коалицијата да донесе уставни реформи без поддршка од опозицијата.
Кандидатот на опозицијата Ксочитл Галвез освои меѓу 26,6 и 28,6 отсто од гласовите, покажаа прелиминарните резултати. Изборите, на кои се соочија Шејнбаум и Галвез, беа опишани како промена на играта за жените во Мексико.
„За прв пат во 200-те години на републиката, ќе станам првата жена претседател на Мексико“, им рече Шејнбаум на своите поддржувачи.
Видете и ова: Најмалку девет загинати и педесетина повредени на изборен митинг во МексикоПобедата за Клаудија Шејнбаум е голем чекор за Мексико, земја позната по својата мачо култура и дом на второто по големина римокатоличко население во светот, кое со години промовира повеќе традиционални вредности и улоги за жените.
Шејнбаум е првата жена што победила на општите избори во Соединетите Држави, Мексико или Канада.
„Никогаш не замислував дека еден ден ќе гласам за жена“, рекла 87-годишната Еделмира Монтиел во најмалата мексиканска држава Тласкала, пишува Ројтерс.
„Претходно не можевме ниту да гласаме, а кога можевте, требаше да гласате за личноста за која сопругот ви рекол да гласате. Фала му на Бога, тоа се промени и можам да живеам со тоа“, додал Монтиел.
Клаудија Шејнбаум ја чека комплициран пат. Таа мора да ги балансира ветувањата за зголемување на популарните социјални политики, а истовремено и да наследи огромен буџетски дефицит и низок економски раст. Таа вети дека ќе ја подобри безбедноста, а изборите, кои беа најнасилните во модерната историја на Мексико со 38 убиени кандидати, ги зголемија огромните безбедносни проблеми.