Листата „Александар Вучиќ – Белград утре“ освои најмногу гласови на изборите за градското собрание на Белград, за која гласале 53 отсто од избирачите, покажува проценката на резултатите од гласањето објавени од ИПСОС и ЦеСИД врз основа на 56,3 отсто од обработените примероци.
Според овие податоци, изборната листа на движењето „Крени-промени“ освои 17,1 отсто од гласовите, додека на трето место е опозициската коалиција „Го бираме Белград“, за која гласале 12,5 отсто од избирачите.
На четврто место е листата „Ние сме силата на народот, проф.д-р Бранимир Несторовиќ“ со освоени 8,1 отсто од гласовите.
„Неверојатно убедлива“ победа во Белград и Нови Сад, Коалицијата околу Српската напредна партија ќе има 63 од вкупно 110 мандати во Собранието на Белград, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Во Белград нашата листа ќе има 52 отсто од гласовите од оние што излегоа, што е неверојатна победа“, рече тој.
Видете и ова: Во Србија се одржуваат белградски и локални избори во 89 градови и општиниВучиќ додаде дека е извесно оти во 15 белградски општини мнозинството го добила коалицијата околу СНС.
Како што рече, „неверојатно убедлива“ победа има и во Нови Сад, со речиси 53 отсто од гласовите за коалицијата околу СНС.
„Во Ниш, како што очекувавме, беше најтешката политичка игра, а она што е важно е дека во Ниш ќе имаме вкупно 32 мандати, а за мнозинство се потребни 31, ако не се лажам“, изјави Вучиќ, додавајќи дека ќе му предложи на претседателот на СНС да разговара со политичките претставници во Ниш „за да видиме кои се проблемите.“
„Едн листа од група граѓани во Ниш, на д-р Милиќ, доби дури 23 отсто од гласовите. Не смееме да не покажуваме почит“, додаде Вучиќ.
Осврнувајќи се на инцидентите за време на изборниот ден, Вучиќ рече дека „тажно е да се гледаат нападите врз телефонските центри“ на Српската напредна партија (СНС).
Тоа (телефонските центри) не само што е дозволено, туку и пожелно секаде во светот“, рече Вучиќ.
Претседателот на Градската изборна комисија (ГИК) Зоран Лукиќ изјави дека во 20 часот биле затворени сите избирачки места во Белград и дека изборниот ден поминал без поголеми проблеми.
„Сите избирачки места беа отворени навреме, освен едно избирачко место - поради протоколарни проблеми, во општина Чукарица, кои подоцна беа коригирани. Морам да истакнам дека како претседател на ГИК, во пет изборни циклуси никогаш немало помирни избори“, рече Лукиќ за новинарите, пренесе Беоинфо на својата веб-страница.
Видете и ова: Избори во Србија: Инцидент во Нови Сад, кривични пријави во БелградЛистата „За зелен Белград - Кога ако не сега - д-р Дејан Жујовиќ“ освои 1,2 отсто, а листата на Руската партија 1,3 отсто.
Другите листи, според проценките, имаат помалку од еден процент
Во Нови Сад, вториот по големина град во Србија, се случи инцидент меѓу опозициските активисти и полицијата за време на изборниот ден на 2 јуни.
Активисти се обидоа да влезат во просториите на Саемот, тврдејќи дека во него се наоѓа кол-центарот на Српската напредна партија и дека оттаму се вршат изборни махинации.
Опозициските активисти и симпатизери се собраа пред Новосадскиот саем каде ги читаа резултатите од избирачките места.
Видете и ова: Вучиќ ја победи во Белград поделената опозицијаВо моментов немаат преглед на резултатите, но од четири избирачки места здружената опозиција победи на три, изјави Милош Тубиќиз од Новата ДСС.
„Тука нема да има борби и кршење, бидејќи ова е слободен град“, рече тој.
Миран Погачар од движењето „Браво“ рече дека ќе остане пред Саемот и ќе ги прочита резултатите кога ќе пристигнат.
Според известувачот на РСЕ, во зградата на Саемот во тек се подготовки за прием на материјали, а објектот е обезбедуван од полиција.