Соединетите држави, Јапонија и Јужна Кореја се согласија да одржат нови трилатерални заеднички воени вежби ова лето.
Тие ова го наведоа во заедничкото соопштение објавено од Министерството за одбрана на САД на 2 јуни.
Видете и ова: Пјонгјанг испрати уште 600 балони со отпад преку границата во Јужна КорејаОдлуката за воената вежба била донесена на состанокот на министрите за одбрана на трите земји сојузнички: секретарот за одбрана на САД Лојд Остин, јапонскиот министер за одбрана Минору Кихара и јужнокорејскиот министер за одбрана Шин Вон-сик.
Тие се сретнаа во Сингапур на маргините на годишниот безбедносен самит Дијалог Шангри-Ла.
Тројцата „се обврзаа да продолжат да ја зајакнуваат трилатералната соработка за да обезбедат мир и стабилност на Корејскиот Полуостров, Индо-Пацификот и пошироко“, се вели во соопштението.