Во главниот град на Србија до 12 часот гласале 22,5 отсто од вкупниот број запишани гласачи, објави програмскиот директор на набљудувачката мисија Црта, Раша Недељков. Во Нови Сад, пак, Градскиот изборен комитет денеска соопшти дека до 12 часот на гласање излегле 21,94 отсто од запишаните избирачи.
Пред салата на Новосадскиот саем дошло до туркање на полицајци и претставници на опозицијата и активисти, кои се обиделе да упаднат во просторијата во која, како што тврдат, се наоѓа кол цента на Српската напредна странка. Влезот во објектот го обезбедуваат полициски сили.
Претходно имаше инцидент кога лица кои беа во зградата на Саемот ја скршија вратата и со противпожарен апарат ги испрскаа претставниците на опозицијата и активистите, јави известувачот на РСЕ.
Видете и ова: Вучиќ ја победи во Белград поделената опозицијаНедељков вели дека во Белград е помал бројот на гласачи кои излегле на гласање отколку на изборите во декември 2023 година, кога во истиот временски период гласале 26,1 отсто.
Според него, Црта доставила уште три пријави во полиција поради сомнение за купување гласови. Досега оваа невладина организација има поднесено вкупно шест пријави.
Недељков рече дека набљудувачите на ЦРТА забележале голем број поединечни случаи на изборни нерегуларности, најмногу во општините Чукарица, Палилула, Вождовац, Звездара и Нов Белград. Во повеќето случаи, тоа е нарушување на тајноста на гласањето (фотографирање на гласачкото ливче зад параван).
„Во четири отсто од избирачките места е забележано дека членовите на избирачките одбори незаконски воделе евиденција за идентитетот на гласачите кои излегле да гласаат“, рече Недељков.
Како што вели, набљудувачите на Црта забележале „значителен број луѓе кои водат паралелна евиденција“ надвор од избирачките места.
„Ова е нешто што може да се поврзе со новото појавување на јавно видливи кол-центри за координација и повикување на гласачите „безбедни гласови за гласање“, рече Недељков.