Во Србија денеска се одржуваат локални избори во 89 градови и општини, вклучително Белград, Нови Сад и Ниш. Во Белград се повторуваат изборите, откако на претходните кои беа одржани во декември, никој немаше мнозинство да формира власт.
До 11 часот во Белград гласале 14,3 отсто од гласачите, во Нови Сад 18,2 отсто и во Ниш 12,9 отсто. Ова се први проценки за излезноста што ги објавија ЦеСИД/Ипсос.
Споредено со излезноста на изборите во 2023 година, излезноста во сите овие градови е поголема, пренесе РТС.
На инсистирање на опозицијата, белградските избори се спорени со другите локални самоуправи каде не беа одржани во декември, а беа планирани за есен.
Дел од опозицијата ги бојкотира изборите во Белград, сметајќи дека изборните услови не се подобрени, додека за учеството на изборите во другите градови и општини најмногу одлучуваа месните комитети.
Видете и ова: Вучиќ ја победи во Белград поделената опозицијаСпојувањето на изборите во Белград и другите градови и општини е овозможено со измените на Законот за локални избори, со кои се сменија роковите за нивно распишување.
Донесени се и измени на Законот за единствен избирачки список со кои се предвидува граѓаните кои го промениле местото на живеење во изминатите 11 месеци да не можат да гласаат на својата нова адреса.
Ограничувањето се однесува на оние кои го промениле живеалиштето од 3 јули 2023 година до 3 јуни 2024 година.
Овие измени на законот беа договорени меѓу пратеничките групи на предлог на опозицијата.
На крајот на април, врз основа на препораките на ОДИХР беше формирана Работната група за подобрување на изборниот процес, која ја сочинуваат членови на власта и опозицијата, како и претставници на малцинствата и невладиниот сектор.
По вонредните парламентарни, покраински и локални избори во 65 градови и општини одржани во декември, ОДИХР даде 25 препораки за подобрување на изборниот процес.