Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад се приклучи на листата на кандидати за претседателските избори, на која се избира нов претседател по смртта на Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа.
Државните медиуми во неделата објавија дека шеесет и седумгодишниот Ахмадинеџад, долгогодишен противник на реформистите, се пријавил на изборите, објави Радио Фарда РСЕ.
Својата кандидатура ја најавија и поранешниот командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), кој е под санкции на САД, Вахид Хаганиан, градоначалникот на Техеран Алиреза Закани и долгогодишниот поранешен претседател на иранскиот парламент Али Лариџани.
Видете и ова: Ниту еден американски претставник нема да присуствува на Меморијалот на ОН за Иранецот РаисиИранските институции кои контролираат кој може да се кандидира за функцијата, му забранија на Лариџани и на другите потенцијално конкурентни кандидати да се кандидираат против Раиси на претседателските избори во 2021 година.
Пријавувањето на кандидатите за изборите на 28 јуни завршува на 3 јуни. Советот на чувари на Уставот ќе ја објави конечната листа на кандидати на 11 јуни по завршување на процедурите за проверка.
Ахмадинеџад имаше два мандати помеѓу 2005 и 2013 година. Неговиот втор мандат беше проследен со жестоки протести поради спорниот реизбор во 2009 година и бруталното задушување на демонстрантите од страна на властите.
Пред неговата смрт, поранешниот обвинител Раиси се сметаше за потенцијален наследник на 85-годишниот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, кој ја има крајната политичка и верска моќ под иранскиот свештенички систем.