Најмалку 33 изборни службеници во Индија починале од топлотен удар на последниот ден од гласањето во само една држава, откако делови од земјата беа погодени од високите температури, изјави висок изборен функционер на 2 јуни.
Последната фаза од шестнеделните избори во Индија се одржа за време на интензивен топлотен бран со температури над 45 степени Целзиусови на многу места. Индискиот метеоролошки оддел (IMD) соопшти дека температурата во Џанси во Утар Прадеш достигнала 46,9 степени.
Навдип Ринва, главен изборен службеник во северната држава Утар Прадеш, каде гласањето во седмата и последна фаза од изборите заврши во саботата, рече дека 33 гласачи починале поради жештините.
Видете и ова: Во Индија заврши последната фаза од повеќенеделните парламентарни избориМеѓу починатите има и санитарни работници.
„На семејствата на починатите ќе им биде обезбеден паричен надомест од 1,5 милиони рупии (18.000 американски долари)“, изјави Ринва за новинарите.
Експертите велат дека кога човек е дехидриран, изложеноста на екстремна топлина ја згуснува крвта и предизвикува запирање на работата на органите.
Ринва пријавил посебен инцидент во кој маж кој чекал во ред за гласање во градот Бали се онесвестил додека чекал во редот.
„Гласачот е пренесен во здравствена установа, каде што е констатирана смрт по пристигнувањето“, рече Ринва.
Видете и ова: Во Индија почна петтата фаза од изборитеНа Индија не и се непознати високите летни температури, но научните истражувања покажаа дека климатските промени предизвикуваат топлотните бранови да стануваат подолги, почести и поинтензивни.
Хинду националистичкиот премиер Нарендра Моди, според излезните анкети, изгледа дека ќе освои трета последователна изборна победа откако гласањето заврши во саботата.
Резултатите официјално ќе бидат објавени во вторник.