Во Германија стапи на сила новата визна шема за квалификувани работници од земји надвор од Европската унија, која овозможува влез во земјата и барање работа до една година, под услов да се исполнат одредени критериуми.
Новата шема, позната како карта за шанса на барателот на работа, им е достапна на оние со најмалку двегодишна стручна подготовка или универзитетска диплома признаена во земјата каде што е стекната квалификацијата. Потребно е и познавање на германски или англиски јазик.
Дали апликантите ги исполнуваат условите за таква виза се пресметува врз основа на јазични вештини, професионално искуство, возраст и врски со Германија.
Видете и ова: Доаѓаат да работат, па ќе побегнат во ЕУОткако ќе се одобри картичката, апликантот може да влезе во Германија и да бара работа до една година, што значи дека веќе не треба да се поднесува договор со германска компанија пред да може да влезе во Германија за да работи.
Новата шема беше воведена со цел да се намали бирократијата и да се скратат процедурите.
„Обезбедуваме работниците и квалификуваните работници кои на нашата економија ѝ се потребни итно и со години да можат да дојдат во нашата земја“, изјави на 31 мај министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.
Новата шема е дел од сеопфатниот пакет закони чија цел е да се реши акутниот недостиг на квалификувана работна сила во Германија.
Видете и ова: Критики и предизвици за усвоената реформа на ЕУ за мигранти и азилПрвата фаза започна во ноември 2023 година и главно вклучуваше олеснување на патот до дозвола за престој позната како Сина карта на ЕУ и се однесуваше на признати квалификувани работници.
Од саботата, можностите се проширени и за граѓаните од земјите од Западен Балкан кои бараат работа, вклучително и за неквалификувани работници.
Сепак, за тоа сепак е потребен договор со германска компанија како предуслов за влез во Германија на работа.