Неколку грузиски невладини организации велат дека ќе го оспорат домашно и меѓународно таканаречениот закон за „странски агенти“ што го протурка во парламентот од страна на владејачката партија Грузиски сон и покрај претседателското вето и неколкунеделните протести против законот, кои се смета за пресликување на репресивна руска мерка и загрозување на надежите на земјата за влез во Европската унија.
Групата невладини организации на 30 мај објави дека ќе поднесат тужба до Уставниот суд на Грузија за да ја оспорат законитоста на мерката, а во исто време ќе поднесат жалба до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).
Откако парламентот во кој доминираше Грузискиот сон на 28 мај го отфрли ветото на претседателот Саломе Зурабишвили со 84-4 гласа во 150-члениот парламент, сега се очекува законот да се врати на претседателската маса во рок од три дена.
Откако ќе го добие, Зурабишвили има пет дена да го потпише. Но, прозападната претседателка, која беше во несогласување со Грузискиот сон околу нацрт-законот и застана на страната на демонстрантите, не даде никакви индикации дека има намера да го стори тоа.
Меѓутоа, доколку таа одбие како што се очекува, претседателот на парламентот, членот на Грузискиот сон Шалва Папуашвили, може да го потпише законот и да го објави.
„Грузиските невладини организации ја продолжуваат својата правна борба против „рускиот закон“. Ние нема да живееме според нормите на „рускиот закон“ и ќе ги користиме сите домашни и меѓународни механизми за да го попречиме неговото функционирање додека законот не биде безусловно укинат“, се вели во соопштението на групата невладини организации прочитано на заедничката прес-конференција во Тбилиси на 30 мај.
„Уставниот суд може да постапува со овластувањата дадени со устав и да ја суспендира работата на соодветните членови од законот“, продолжуваат невладините организации.
Уставниот суд не го сметаме за единствен начин на нашата правна борба, доколку не постапи навремено и во уставни рамки, ќе користиме алтернативен правен механизам“, додаваат оттаму. „Се подготвуваме да поднесеме жалба до Европскиот суд за човекови права.
Критичарите велат дека законот е воведен од Грузискиот сон, основан од грузискиот тајкун Бидзина Иванишвили, пријателски настроен со Русија, со цел да се зацврсти контролата на партијата на власт пред изборите подоцна оваа година, кои се сметаат за клучни за евроатлантските аспирации на Грузија.
Грузија го доби посакуваниот кандидатски статус за ЕУ во декември, но допрва треба да ги започне вистинските преговори за пристап, кои би можеле да траат со години. Имаше надеж дека таквите разговори би можеле да започнат подоцна оваа година, но Брисел предупреди дека законот за „странски агенти“ може да го загрози патот кон Европа.