Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се залага да ѝ се дозволи на Украина да ги напаѓа воените бази внатре во Русија со оружје со долг дострел обезбедено од западните партнери.
На 29 мај Макрон се приклучи на претходните изјави на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој исто така повика на промена на таа позиција поради сложеноста на војната во Украина.
Прашањето дали да ѝ се дозволи на Украина да гаѓа цели на руска територија со оружје испорачано од Запад е деликатно откако Москва ја започна својата инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година, пишува АП.
Украина ги притиска своите западни поддржувачи да ѝ дозволат да гаѓа цели во Русија користејќи оружје со поголем дострел што Киев го добива од Западот.
Видете и ова: Шведска најавува 1,15 милијарди евра воена помош за УкраинаКлучните поддржувачи на Украина, вклучително и САД и Германија, не сакаа да дозволат Киев да изврши напади преку границата поради стравот дека би можело да ги доближи до директен конфликт со Москва.
Макрон рече дека позицијата на Франција е дека на Украина мора да ѝ се дозволи да ги неутрализира руските воени локации од кои истрелува проектили.
„Ако им кажеме на Украинците дека немаат право да ги таргетираат местата од кои се испукани проектили кон нив, ние всушност им кажуваме дека ќе ве снабдуваме со оружје, но дека не можете да се браните со него“, рече Макрон на прес-конференци за време на неговата официјалната посета на Германија.
И шефот за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Жозеп Борел, ги повика земјите да ги балансираат стравувањата од ескалација со потребата на Украина да се брани, велејќи дека Киев има право да користи западно оружје за да нападне внатре во Русија.