Нема ниту мајоризација, ниту шовинизам, ниту е важно што Ахмети имал чувство на навреденост, важно е што волјата на мнозинството е ДУИ да оди во опозиција и се соочи со одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на лидерот на ДУИ Али Ахмети кој рече дека почнуваат со чекори за спречување мајоризација.
„Ако одењето на ДУИ во опозиција е кршење на Рамковниот договор, тогаш и Али Ахмети го прекрши кога реши да ја изостави ВМРО-ДПМНЕ од владата и не го почитуваше резултатот на изборите 2016-та година каде победи ВМРО-ДПМНЕ. Што само значи дека почитувањето на Охридскиот договор нема врска со фактот дали ДУИ е власт или опозиција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во Мала Речица рече дека започнуваат со спречување на нова мајоризација и ги повика граѓаните да им се придружат во нивните напори „за заштита на гласот, легитимитетот и духот“ на Охридскиот рамковен договор.
Ваквите коментари од Ахемти доаѓаат во услови кога Коалицијата Вреди од албанскиот блок преговара со ВМРО-ДПМНЕ за формирање на новата влада по изборите на 8 мај, но за ДУИ е спорно тоа што Вреди освоија помалки мандати од Коалицијата „Европски фронт“ од која е дел и ДУИ.
Видете и ова: Ахмети најави чекори за „спречување на нова мајоризација“Како што рече денеска Ахмети, Коалицијата „Европски фронт“ се легитимниот претставник на Албанците во државата, велејќи дека оваа коалиција победила со над 30 илајди гласвои повќе од Коалцијата Вреди, додека на претседателските избори со 40 илади гласови повеќе. Тој исто така рече дека „Европскиот фронт“ и албанската опозиција во декември 2023 и јануари 2024 година потпишале договор за да не влегуваат во владата без уставни измени и гаранција за продолжување на европскиот пат.
„Европскиот фронт победи во 20 општини во кои живеат и гласаат Албанците и другите заедници. Европскиот фронт излезе како втора сила во државата, што се случи за првпат во историјата на земјата. Овие резултати беа прекршени и продолжуваат да се прекршуваат преку изборен инженеринг во очите на целата локална, регионална и меѓународнa jaвност“, рече Ахмети.
Видете и ова: ВМРО-ДПМНЕ: Се уште нема конечен договор со ЗНАМПо изјавите на Ахмети, денеска реагираше и Коалицијата Вреди наведувајќи дека новата влада ќе ја сочинуваат победникот во македонскиот блок со победникот во албанскиот блок.
„ВЛЕН (Вреди), како коалиција на обединетата албанска опозиција, на изборите од 8 мај се потврди како носител на етничкиот легитимитет на гласачите албанци“, наведуваат од Коалицијата.
Од Влен апелираат „Ахмети треба да ја прифати реалноста“, бидејќи како што наведоа, тој одамна веќе немал право да се обидува да го монополизира ЕУ процесот како и процесот на унапредување на етничките права на Албанците во Република Северна Македонија.
„Уставните измени се еден од најважните приоритети на ВЛЕН, тргнувајќи од внесување на Бугарите во Уставот како услов за продолжување на ЕУ перспективите, бришење на срамната формулација 20 проценти и промена на изборниот модел за шеф на државата“, велат од Вреди. Тие апелираат до ДУИ да се однесува како одговорна опозиција и заради лични и теснопартиски интереси да не ги жртвува ЕУ перспективите на Северна Македонија.