Видео платформата Јутјуб потврди дека ја укинала сметката на иранското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на почитување на американските санкции наметнати кон Техеран.
„Гугл е посветен на почитување на важечките санкции и закони. Доколку откриеме дека некој ги прекршува нашите услови за користење, преземаме соодветни мерки“, рече портпаролката на Јутуб, Алзбета Хузарова во писмена изјава за Радио Слободна Европа на 28 мај.
Санкциите на Вашингтон кон Иран ја забрануваат речиси целата американска трговија со земјата и ги блокираат владините средства во Соединетите Американски Држави.
Илјадници луѓе и компании, ирански и странски, беа цел на програмата за санкции, додека Вашингтон се обидува да ја ограничи иранската влада.
Видете и ова: ЕУ го истражува Мајкрософт за ризиците од вештачката интелигенција пред изборитеИранската официјална новинска агенција ИРНА објави дека профилот на Јутуб е суспендиран, откако објави видео на англиски јазик за поддршка на Палестинците во време на израелската војна против Хамас во Појасот Газа.
Агенцијата ИРНА, која е под државна контрола, го обвини Јутуб кој е забранет во Иран од 2009 година, за „нарушување на слободата на говорот“.
Запрашана за тврдењето на иранската агенција дека пропалестинското видео резултирало со отстранување на сметката, Хоузарова повтори дека причината се санкциите на Соединетите Американски Држави (САД).
„Поради воведените санкции на САД, иранските државни канали не се дозволени на YouTube“, наведуваат од Јутуб.
Иран ги блокираше сите поголеми платформи за социјални медиуми и ја забрани употребата на виртуелни приватни мрежи (ВПН) кои би можеле да се употребат за заобиколување на забраната. Сепак, иранските власти продолжуваат да користат блокирани платформи.