Коалицијата „Европски фронт“ се легитимниот претставник на Албанците во државата, изјави денеска претседателот на ДУИ Али Ахмети велејќи дека оваа коалиција од која дел е и неговата партија победила со над 30 илајди гласвои повќе од Коалцијата Вреди, додека на претседателските избори со 40 илади гласови повеќе.
Тој во седиштето на ДУИ во Мала Речица рече дека започнуваат со спречување на нова мајоризација и ги повика граѓаните да им се придружат во нивните напори „за заштита на гласот, легитимитетот и духот“ на Охридскиот рамковен договор.
„Европскиот фронт победи во 20 општини во кои живеат и гласаат Албанците и другите заедници. Европскиот фронт излезе како втора сила во државата, што се случи за првпат во историјата на земјата. Овие резултати беа прекршени и продолжуваат да се прекршуваат преку изборен инженеринг во очите на целата локална, регионална и меѓународнa jaвност“, рече Ахмети.
Видете и ова: Управен суд оформи предмет за тужбата од Европскиот фронт за прегласувањето во ЖелиноКоментарите на Ахмети доаѓаат во услови кога Колицијата Вреди од албанскиот блок која освои 14 мандати на парламентарните избори на 8 мај, преговата со ВМРО-ДПМНЕ која освои 58 мандати.
Коалицијата „Европски фронт“ од која е дел ДУИ изборите ги заврши со 18 мандати.
Ахмети денеска рече дека во наредните денови ќе ја известат јавноста какви мерки и активности ќе преземаат по консултации со претседателите на партиите во коалицијата.
Во врска со тужбата од „Европскиот фронт“ на решението на ДИК за прегласувањето во Желино до Управниот суд, Ахмети рече дека очекува „правдата да ги земе предвид и да ги истакне непристрасноста и политичките договори што се направени за да се наруши легитимитетот стекнат на 8 мај 2024 година“.
Тој рече дека „Европскиот фронт“ и албанската опозиција во декември 2023 и јануари 2024 година потпишале договор за да не влегуваат во владата без уставни измени и гаранција за продолжување на европскиот пат.