Обвинителите ќе ги изнесат своите завршни зборови пред поротата денеска на 28 мај, на судењето против Доналд Трамп (77), во историско долг судски процес на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), пренесува АФП.
Последните зборови пред судот во Њујорк ќе бидат дадени воочи американските избори во ноември, а во екот на изборната кампања, која ја водат демократскиот кандидат и актуелен претседател Џо Бајден, како и Трамп како републикански претседателски кандидат.
Трамп е обвинет за фалсификување деловни записи за да ја замолчи ѕвездата на филмови за возрасни Сторми Даниелс, за сексуалната средба меѓу нив во 2006 година.
Агенцијата потсетува дека доколку Трамп биде прогласен за виновен по секоја од 34-те точки од обвинението, на поранешниот претседател на САД му се заканува затворска казна до четири години.
Видете и ова: Трамп казнет со девет илјади долари поради непочитување на судотСепак, правни експерти, на кои се повикува АФП, укажуваат дека е малку веројатно Трамп да добие затворска казна.
Се наведува и дека во случај на осуда, тоа не би било пречка Трамп да се најде на гласачкото ливче како претседателски кандидат.
До претседателските избори во САД пак има уште помалку од половина година.