Руското Министерство за одбрана потврди дека украинската новинарка Викторија Рошчина, која уште од минатата година била пријавена за исчезната во окупираниот дел на регионот Запорожје, всушност се наоѓа во притвор во Русија. Оваа информација ја објави весникот Грати, во одговор на барање на таткото на новинарката упатено до руските власти.
„Според достапните информации, Викторија Владимировна Рошчина е приведена и моментално се наоѓа на територијата на Руската Федерација“, пишува Грати.
По ова, Координативниот штаб за третман на воени затвореници го утврди статусот на Рошчина на веб-страницата како лице во „заробеништво“.
На 27 јули 2023 година, Рошчина ја напушти Украина во Полска и три дена подоцна планираше да отпатува низ Русија, па се до до источна Украина.
Видете и ова: Расте бројот на затворени новинари ширум светотПоследен пат оствари контакт со јавноста на 3 август. Таа тогаш изјави дека поминала низ неколкудневни гранични контроли, но не кажа каде точно се наоѓа.
Рошчина од самиот почеток ја покриваше целосната руска инвазија на Украина. Во март 2022 година, новинарката беше приведен од ФСБ во окупираниот Бердјанск. Таа беше ослободена 10 дена подоцна.
Викторија Рошчина соработуваше со порталот Украинска Правда, како и Меѓународната фондација за жени кои работат во медиумите (IWMF).