Тајванскиот парламент, контролиран од опозицијата, усвои измени кои ја фаворизираат Кина и ја намалуваат моќта на претседателот Лаи Чинг-те, јавува Асошиејтед прес (АП).
Агенцијата наведува дека поради измените граѓаните протестирале пред зградата на парламентот, каде се собрале илјадници луѓе.
Измените беа предложени од опозициската Националистичка партија и нејзините сојузници, давајќи му повеќе овластувања на парламентот, вклучително и контрола на буџетот. Тоа ги вклучува трошоците за одбрана што партијата ги блокираше, што многумина го гледаат како отстапка за Кина.
Како што објави Ројтерс, измените им даваат на пратениците овластување да побараат од војската, приватните компании или поединци да обелоденат информации што парламентарците ги сметаат за релевантни. Тој, исто така, го криминализира непочитувањето на парламентот од страна на владините претставници и бара од претседателот редовно да поднесува извештаи до парламентот и да одговара на прашања од пратениците.
Видете и ова: Пекинг: Тајван е Кина, без разлика кој е таму на властНационалистичката партија официјално го поддржува обединувањето со Кина, од која Тајван се отцепи во 1949 година за време на граѓанска војна.
Таа партија го контролира парламентот со тесно мнозинство по изборите во јануари, додека претседателството и припадна на Демократската напредна партија на претседателот Лаи Чинг-те, која се залага за де факто независност на Тајван од Кина.
Видете и ова: Новиот претседател на Тајван побара Кина да престане да се закануваКина го смета Тајван за отцепена провинција што треба да ја стави под своја контрола, ако е потребно и со сила. Пекинг секојдневно испраќа воени бродови и борбени авиони во близина на островот и го зголемува воениот притисок.
Соединетите Држави (САД), како и повеќето земји, не го признаваат Тајван како земја. Сепак, американскиот закон бара од Вашингтон да се погрижи островот да се брани и ги смета сите закани за Тајван како „сериозни“.