Околу еден милион луѓе го напуштија градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа во последните три недели, соопшти во вторник (28 мај) Агенцијата за палестински бегалци на Обединетите Нации (УНРВА).
Во мал град на јужниот дел од Појасот Газа, повеќе од милион Палестинци кои побегнаа од другите делови на крајбрежната енклава најдоа засолниште пред израелските напади.
Од почетокот на мај, израелската војска спроведува, како што вели, ограничена операција во Рафа за да ги убие борците на Хамас и да ја уништи инфраструктурата што ја користи палестинската група, која САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација.
Израел им порача на цивилите да одат во „проширена хуманитарна зона“ оддалечена околу 20 километри.
Видете и ова: Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок по нападот во РафаМногу Палестинци се пожалија дека биле подложени на израелски напади каде и да одат и горе-долу по Појасот Газа во последните месеци.
УНРВА соопшти дека бегството од Рафа „се случило без безбедно место за одење и среде бомбардирање, недостаток на храна и вода, купишта отпад и несоодветни услови за живот“.
Обезбедувањето помош и заштита станува речиси „невозможно“, наведува Aгенцијата.