Оваа година Шпанија се обврза да и обезбеди на Украина воена опрема вредна една милијарда евра врз основа на билатералниот договор потпишан во понеделникот во Мадрид од украинскиот претседател Володимир Зеленски и шпанскиот премиер Педро Санчез.
Сега е поважно од кога било да ја удвоиме нашата поддршка“, рече Санчез на прес-конференцијата.
Договорот предвидува набавка на модерна воена опрема за копно, воздух, море и друга употреба, со акцент на поморските средства со цел да се заштити рутата за извоз на храна од Украина.
Весникот „Ел Паис“ претходно во понеделникот објави дека Шпанија ќе се обврзе да и испрати на Украина десетина американски противвоздушни ракети „Патриот“ и 19 користени тенкови „Леопард 2А4“ од германско производство, како и друго оружје од шпанско производство, како што се опрема и муниција против беспилотни летала.
Видете и ова: Путин би преговарал, ама на Зеленски му истекол претседателскиот мандатДванаесетте ракети кои ќе и бидат испорачани на Украина не вклучуваат комплетни системи за противракетна одбрана, пишува Ел Паис.
Портпаролите на кабинетот на премиерот и на Министерството за одбрана одбија да ги коментираат наводите на весникот Ел Паис.
Шпанија, исто така, вети дека ќе помогне во зголемувањето на производството на украинската одбранбена индустрија и ќе ги проучи можностите за заедничко производство.
Страните, исто така, се согласија да работат на решавање на тешкотиите поврзани со снабдувањето на украинскиот одбранбен сектор и да спречат каква било нелегална циркулација на одбранбен материјал доставен во Украина.
Инаку руските сили ја нападнаа Украина овој месец со околу 3.200 наведувани воздушни бомби, изјави во понеделникот претседателот Володимир Зеленски.
На прес-конференција во Мадрид, Зеленски оцени дека украинската армија нема доволно противвоздушни ракети за да ја спречи Русија да фрла илјадници бомби месечно, пишува Ројтерс.
Украинскиот претседател во последните месеци постојано бараше помош од западните партнери за зајакнување на воздушната одбрана.
Украина се соочува со повторени руски напади во нејзиниот источен регион Харков каде руските сили започнаа нова офанзива.
Најмалку 14 лица загинаа викендов во руски бомбашки напад врз трговски центар во Харков.
Десетици беа повредени во нападот на 25 мај, кој погоди трговски центар преполн со посетители.