Јапонскиот премиер, Фумио Кишида изјави дека неговата земја, Јужна Кореја и Кина за време на трилатералниот самит (27 мај) меѓу нив ја потврдија важноста на денуклеаризацијата на Северна Кореја. Тринасочниот состанок се одржа неколку часа откако Пјонгјанг ги објави плановите за лансирање ракета која носи шпионски сателит во орбитата.
Тројцата лидери најавија и дека се договориле за подобрување на трилатералната соработка.
„Одлучивме да организираме редовни трилатерални состаноци“, рече јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол на заедничката прес-конференција.
Кишида на заедничката прес-конференција истакна дека стабилноста на Корејскиот полуостров е „заеднички интерес“ за трите азиски земји.
За време на состанокот, кинескиот премиер Ли Кианг ги повика сите земји да покажат „воздржаност“ на Корејскиот полуостров.
Видете и ова: Сеул соопшти дека Пјонгјанг лансирал балистичка ракета кон Јапонско МореПретходно денеска, јапонската влада соопшти дека Северна Кореја го известила Токио за својот план да лансира ракета во орбитата пред 4 јуни. Лансирањето може да вклучи употреба на технологија на балистички проектили, што ги прекршува резолуциите на Советот за безбедност на ОН.
На почетокот на трилатералниот самит, јапонскиот премиер Кишида ја повика Северна Кореја да го откаже планираното лансирање на сателит, а претседавачот на состанокот, јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол рече дека тоа ќе го загрози регионалниот и глобалниот мир и стабилност.
Ли Џианг не го спомна ова прашање, туку само рече дека улогата на Кина, Јапонија и Јужна Кореја е „да го промовираат развојот, да ја зајакнат соработката во Источна Азија и да обезбедат мир и просперитет во регионот и во светот“.
За време на изјавата за медиумите, Ли Џианг, кој ја презеде функцијата во март 2023 година, повика на „политичко решавање“ на прашањата поврзани со Северна Кореја преку дијалог.