Поплавите од обилните врнежи зафатија село во североисточен Авганистан, при што загинаа 10 членови на едно семејство. Локалните талибански претставници во провинцијата Бадакшан изјавија за Радио Азади на Рaдио Слободна Европа дека четири тела се извлечени, а спасувачите трагаат по повеќе по поплавите на 26 мај во текот на ноќта.
Шефот на провинцискиот Оддел за борба против катастрофи, Мохамад Акрам Акбари, рече дека голем број села биле погодени од поплавите.
Видете и ова: Во Авганистан најмалку 50 лица загинаа во новите поплавиВо Баглан, околу 300 километри северно од Кабул, талибанските власти соопштија дека 40 куќи биле уништени од поплавите.
Минатата недела поројните поплави предизвикани од обилните дождови опустошија села во северен Авганистан, при што загинаа 315 луѓе, а повеќе од 1.600 беа повредени, соопштија властите.
Авганистан е земја во која често има природни катастрофи и Обединетите нации ја сметаат за една од земјите најранливи на климатските промени.
Авганистан се соочи со недостиг на странска помош откако Талибанците ја презедоа власта во 2021 година по повлекувањето на меѓународните сили.