Гаранции за европската иднина на државата, побарала претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска (24 мај) во Рим на средбата со нејзиниот италијански колега Серџо Матарела.
„Побарав од италијанскиот претседател и од Италија на натамошниот пат да помогнат околу давање гаранции за нашата европска политичка иднина, на што тој одговори дека е подготвен да застане зад нас се разира и во барањето на решенија со соседите“, изјави Сиљановска-Давкова по средбата со Матарела.
Како што јавува МИА, претседателката средбата ја оценила како плодна и конструктивна. На неа било разговарано за сестраната соработка, не само со Северна Македонија, туку и со целиот регион на Западен Балкан.
„Претседателот рече дека Италија ќе продолжи да го поддржува регионот, да не поддржува нас, во секој поглед, не само во евроинтеграциите, туку и во економијата, обраозванието, културата, одбраната, па и италијанското и нашето членство во меѓународни организации“, рече Сиљановска-Давкова.
Видете и ова: Сиљановска-Давкова на прием кај Папата, средба со Радев нема да имаСо средбата со Матарела таа го завршува официјалниот дел на посетата на Рим и Ватикан во рамки на честувањето на 24 Мај - Денот на сесловенските просветители, на која беше на аудиенција кај папата Франциск, а денеска присуствуваше на молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Свети Климент“. Покрај тоа таа потоа положи венец пред спомен-плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“.
Ова е прва првата официјална посета во странство на претседателката Сиљановска-Давкова, по победата на претседателските избори на 8 мај.