Врховниот суд на Обединетите нации (ОН) му нареди на Израел да ја запре воената офанзива во Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, во итна пресуда од 24 мај во случајот во кој Јужна Африка го обвини Израел за геноцид.
Судиите во Меѓународниот суд на правдата рекоа дека ситуацијата во Појасот Газа се влошила откако последен пат му наредиле на Израел да преземе итни чекори за олеснување на хуманитарната криза во Газа.
Читајќи ја пресудата на Меѓународниот суд на правдата, претседателот на Меѓународниот суд, Наваф Салам, рече дека привремените мерки што судот ги нареди во март не ја решија целосно ситуацијата во енклавата.
Судот, исто така, му нареди на Израел да го отвори преминот Рафа меѓу Египет и Газа за да дозволи хуманитарна помош и рече дека мора да им дозволи на истражителите пристап до опколената енклава и да известуваат за напредокот во рок од еден месец.
Наредбата беше усвоена од 15 судии од целиот свет со 13 гласа „за“ и два „против.
„Против“ гласаа судиите од Уганда и Израел.
Видете и ова: Израел соопшти дека обвинувањата на Јужна Африка за геноцид се неоснованиПо наредбата на судот, кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека ќе се одржат телефонски консултации со високи министри.
„Палестинските власти ја поздравија одлуката на Меѓународниот суд на правдата, наведувајќи дека пресудата претставува меѓународен консензус за ставање крај на војната во Појасот Газа“, изјави портпаролот на палестинскиот претседател Набил Абу Рудеина.
Јужна Африка, исто така, ја поздрави наредбата на Меѓународниот суд на правдата и ги повика членките на ОН да ја поддржат наредбата до Израел да ја запре офанзивата врз градот Рафа.
„Верувам дека тоа е многу посилно, во однос на формулацијата, збир на привремени мерки, многу јасен повик за крај“, изјави министерот за надворешни работи на Јужна Африка, Наледи Пандор.
Одлуката на судот ја поздрави и Хамас, организација која САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација. Според Хамас, наредбата на судот се уште не е доволна, но е неопходно да се бара прекин на израелската офанзива во целиот Појас Газа.
Претставниците на Јужна Африка минатата недела побараа од Меѓународниот суд на правдата да нареди „итно“ запирање на израелската кампања, вклучително и во Рафа и да го олесни пристапот до хуманитарна помош.
Израел побара од судот да го одбие барањето, тврдејќи дека присилниот прекин на огнот ќе им овозможи на борците на Хамас да се прегрупираат и да го спречат враќањето на заложниците земени во нападот на 7 октомври 2023 година.
Во пресудата во јануари, судот му нареди на Израел да стори се што е во негова моќ за да спречи геноцидни дејствија во Газа, но не нареди прекин на огнот.
Јужна Африка тврди дека неодамнешната израелска операција во Рафах ја променила ситуацијата на теренот, поради што судот треба да издаде нови итни наредби.
Израел постојано ги отфрла обвинувањата за геноцид како неосновани. Израел пред судот тврдеше дека операциите во Газа биле самоодбрана и дека биле насочени кон борците на Хамас кои го нападнаа Израел на 7 октомври минатата година.
Најкрвавата војна во Газа избувна по нападот на Хамас на 7 октомври 2023, кој резултираше со смрт на повеќе од 1.170 луѓе, од кои повеќето цивили. Милитантите зедоа и 252 заложници.
Во израелската одмаздничка офанзива загинаа најмалку 35.800 луѓе во Газа, од кои повеќето жени и деца, според Министерството за здравство управувано од Хамас.
Израел воведе опсада што остави 2,4 милиони жители на Газа без чиста вода, храна, лекови и гориво.