Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, соопштија од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 21 до 29 целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 целзиусови степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме, соопштија од УХМР.
Во понеделник се очекува преодно стабилизирање на времето, а од вторник во попладневните часови повторно ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.