Откако Генералното Собрание на Обединетите Нации денеска, 23 мај, ја усвои резолуцијата за геноцидот во Сребреница, вечерва пристигнуваат реакции од претставниците на српската власт.
Резолуцијата беше усвоена со 84 гласа „за“, 19 гласа „против“ и 64 „воздржани“, а тоа значи дека 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.
По завршувањето на заседавањето во ОН, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им се заблагодари на сите земји што беа воздржани или гласаа против.
„Ова е големо изненадување, многу луѓе беа шокирани во салата. Од оние кои беа во салата, 87 не гласаа за Резолуцијата. Две третини од жителите на планетата беа на наша страна“, рече Вучиќ.
Особена благодарност Вучиќ упати до Кина, Русија и Обединетите Арапски Емирати.
„Србија никогаш нема да ја заборави поддршката од овие држави, но и од Унгарија, која беше единствена во регионот против“, додаде Вучиќ.
Тој упати благодарност и до српскиот народ, пособено до Србите во Косово, Црна Гора и Република Српска.
Мали: Направено е злосторство против Србија
Вицепремиерот и министер за финансии на Србија, Синиша Мали на својот Инстаграм профил напиша дека е „сторено злосторство“ против Србија.
„На нашиот народ му беше дадена етикета што не ја заслужува, а тоа го направи современиот свет, кој е полн со демократија и развој. Ќе се сеќаваме“, напиша Мали.
Видете и ова: Генералното собрание на ОН ја усвои резолуцијата за геноцидот во СребреницаТој додаде дека е горд на претседателот Александар Вучиќ, „кој достоинствено одговорил на многу тежок предизвик на највисоко ниво денеска во Њујорк“.
„Горди сме на Србија, на него, на силата и кредибилитетот што ги покажавме. Горди сме затоа што на целиот свет му ја кажа вистината и затоа што не се плашеше од оние многу поголемите од нас“, напиша Мали.
Петковиќ: Резолуцијата нема да придонесе за помирување
Директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ, по гласањето напиша дека резолуцијата „нема да придонесе за помирување или смирување на тензиите, туку само ќе биде како ветер во грб за нови насилни претензии и акции“.
Тој додаде дека претседателот Вучиќ покажал „како е да се бранат интересите на меѓународното јавно право“.
Видете и ова: Владата на Република Српска одлучи да понуди договор за „мирна разделба“ со Федерацијата на Босна и Херцеговина„Србија покажа како треба да се брани достоинството на мала суверена земја на Балканот, која не се согласува да ѝ се лепат опасни политички етикети само затоа што тоа и одговара на нечија меѓународна агенда денес“, напиша Петковиќ.
Колони автомобили во Белград во знак на протест
Од друга страна пак, во знак на протест токму против усвојувањето на резолуцијата, десетици автомобили со истакнати српски знамиња во колона се движат по главните улици на Белград.