ДКСК бара одговорност од директорката и управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители

Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)

Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)

Државната комисија за спречување на корупцијата покрена иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради прекршување на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, како и на Изборниот законик.

Надлежните институции имаат рок од 60 дена да ја разгледаат и да постапат по оваа иницијатива.

ДКСК отвори предмет за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители, за време на изборите, бидејќи утврдиле дека е спротивно на законите. Управниот суд прво ја уважи жалбата на Академијата, но подоцна донесе пресуда со која се потврдува одлуката на Антикорупционерите и ја отфрлија жалбата на Академијата.

Претставката до ДКСК беше поднесена од претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска-Давкова. Таа тврдеше дека се крши изборниот законик и ДКСК два пати носеше одлука дека селекцијата на кандидати мора да запре до завршување на изборниот процес односно избор на претседател, пратеници и Влада.

Видете и ова: ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители

Аргументите на Академијата „Павел Шатев“ беа дека станува збор за итен процес поради недостиг на кадар во судството и обвинителството и дека не станува збор за вработување на кандидатите кои иако добиваат плата, доколку не минат фаза од селекцијата, треба да ги вратат примените средства.