Дводневни воени вежби на Кина во морето околу Тајван

Тајванските борбени авиони Мираж 2000 чекаат да полетаат во базата во Хсинчу, северен Тајван на 23 мај 2024 година

Кина започна дводневни воени вежби околу Тајван како „казна“ за, како што ги нарече „сепаратистичките активности“ на одржување избори и инаугурација на нов претседател.

Кинеските државни медиуми тврдат дека десетици борбени авиони на Ослободителната народна армија (ПЛА) со боеви глави извршиле лажни напади врз „воени цели со висока вредност“, оперирајќи заедно со морнарицата и ракетните сили.

Пропагандните фотографии објавени од државните медиуми ги спомнуваат и кинеските копнени балистички ракети Донгфенг, но не се наведува дали се користени.

Како одговор на вежбите, Тајван ја обвини Кина за „ирационална провокација и нарушување на регионалниот мир и стабилност“.

Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека поморските, воздушните и копнените сили се ставени во состојба на готовност, зајакната е безбедноста на базата, а на силите за воздушна одбрана и ракетни сили им е наредено да ги надгледуваат можните цели.

Видете и ова: Новиот претседател на Тајван побара Кина да престане да се заканува

Вежбите се првиот значаен одговор на Кина на овонеделната инаугурација на Лаи Чинг-те како петти претседател на Тајван, по победата на демократските избори во јануари. И Лаи и неговиот претходник, Цаи Инг-вен, се од просуверената Демократска напредна партија (ДПП), која Пекинг ја смета за сепаратистичка.

Кинеските државни медиуми на 23 мај објавија дека во вежбите, со кодно име „Заеднички меч-2024А“, ќе учествуваат единици на армијата, морнарицата, воздухопловните сили и ракетните сили кои оперираат во Тајванскиот теснец.

Видете и ова: Пекинг: Тајван е Кина, без разлика кој е таму на власт

Единиците ќе оперираат и околу островите Кинмен, Мацу, Вукиу и Донгин, кои се блиску до кинеското копно.

Портпаролот на Народноослободителната војска Ли Кси рече дека вежбите „ќе послужат како силна казна за сепаратистичките дејствија на силите на „независноста на Тајван“ и строго предупредување за мешање и провокации од странски сили.

„Сегашната воена вежба не само што не помага за мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец, туку ја истакнува и хегемонистичката природа на кинеската комунистичка партија“, одговори тајванското Министерство за одбрана.