Ден пред разгледувањето на резолуцијата за геноцидот во Сребреница во Генералното собрание на ОН, Собранието на Република Српска на 22 мај, усвои протестна нота со која се бара повлекување на резолуцијата.
Во протестната нота, која ќе биде испратена до членките на ОН, се тврди дека не биле почитувани актите на Босна и Херцеговина, а при предлагањето на резолуцијата биле прекршени и меѓународните правни акти.
Генералното собрание на Обединетите нации се очекува во мај да гласа за резолуцијата со која се бара 11 јули да биде прогласен за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.
Видете и ова: Вучиќ: Амандманите на Црна Гора на резолуцијата за Сребреница се „валкана игра“Властите на Република Српска не го признаваат геноцидот во Сребреница, утврден од меѓународните судови, Станува збор за убиство на над 8 илјади бошњачки мажи и момчиња во јули 1995 година кога силите на босанските Срби влегоа во влегоа во тогашната заштитена зона на ОН.
Резолуцијата за Сребреница, која ја иницираа Германија и Руанда, укажува на фактите утврдени со пресудите на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) и Меѓународниот суд на правдата, како и домашните судови.
Во документот, кој беше усвоен од Собранието на Република Српска во средата, се наведува дека „формалниот протест“ првенствено се однесува на Хрватска, Германија, Франција, Велика Британија и САД, како и други земји кои учествуваа во спонзорирањето или коспонзорирањето на ОН. Резолуција за геноцидот во Сребреница.