Повторно спорни договорите за вработување на 18 луѓе на Токсикологија

Илустрација

Договорите за вработување на 18-те лица во Универзитетската клиника за Токсикологија кои ги потпиша организациската директорка Бесија Илјази, по отпуштањето на медицинскиот директор Данил Петровски, се сметаат за непотпишани, изјави директорката на државниот санитарен и здравствен испекторат, Рената Младеновска.

Таа по денешната спроведена контрола во Клиниката за токсикологија, изјави дека инспекторите утврдиле дека договорите за работа се потпишани само од еден директор што е спротивно на законот каде што е децидно наведено дека сите правни акти мора да бидат потпишани од медицинскиот и организацискиот директор. Двајцата имаат заедничка надлежност врз потпишувањето на договорите за вработување, отказни решенија и јавни набавки итн.

„Доколку овие акти се потпишани само од еден директор, согласно закон за здравствена заштита се сметаат за непотпишани,“, изјави Младеновска.

Таа додаде дека за овој прекршок во законот нема предвидена казна и најави дека министерот за здравство Илир Демири ќе треба да одлучува што понатаму со овие 18 луѓе и валидноста на нивните договори за работа.

Видете и ова: Дворски игри меѓу „таборите“ на Токсикологија

Во однос на тие 18 лица, инспекторите донесоа решенија дека не треба да се во просториите на Клиниката бидејќи договорите им се истечени на 31 јануари 2023 година. Според нивниот увид, тие бесправно работеле со пациенти и давале здравствени услуги, иако немале договори за ангажман. До овој вонреден надзор од ДЗСИ дојде откако на 22 април лекари од прес-конференција алармираа дека на клиниката владее хаос. По ваквите изјави, Д-р Данил Петровски беше разрешен од позицијата медицински директор, затоа што, како што вели министерот Демири, не работел совесно и не ги потпишал иако имал имал согласности за продолжување на договорите за работа на 18 лица.

Демири не ја разреши организациската директорка Илјази за која мнозинството лекарски колегиум во минатиот период обвинуваше дека не знае македонски јазик, комуницира само на албански јазик и форсира да се вработат 18 лица на позиции кои не се потребни на клиниката, а не дозволува вработување на двајца биолози и еден болничар, како и дека не склучила договор за осигурување на болницата.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Демири: Изборите завршија, да се вратиме во реалноста

Превирањата на Клиниката започнаа минатиот месец откога вработени на Клиниката реагираа дека организациската директорка Иљази инсистира да се вработат 18 лица на кои им се истечени договорите за дело. Вработените се пожалија и дека не можат да комуницираат со Иљази бидејќи таа не го говори македонскиот јазик.