Пентагон соопшти дека Русија „најверојатно“ распоредила антисателитско оружје во вселената претходно овој месец, тврдење кое Москва брзо го отфрли.
Портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер, на прес-конференција на 21 мај, изјави дека новото антисателитско оружје било лансирано пет дена порано во истата орбита како сателит на американската влада.
Тој додаде дека проценките на Пентагон „дополнително укажуваат на карактеристики кои наликуваат на претходно распоредените вселенски објекти од 2019 и 2022 година“.
„Секако, имаме одговорност да бидеме подготвени да го заштитиме и одбраниме вселенскиот простор и да обезбедиме континуирана и непрекината поддршка на Здружените и комбинирани сили“, рече тој.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков на 22 мај ја отфрли изјавата, нарекувајќи ја „лажна информација од Вашингтон“.
„Ние секогаш се противиме на поставување на вакво оружје во орбитата на Земјата“, изјави Рјабков за новинарите во Москва.
Видете и ова: Русија развива нуклеарно антисателитско оружје во вселенатаСè поголем број нации се преселуваат во вселената, а десетина се способни да лансираат вселенски летала. Во меѓувреме, околу 80 нации и многу приватни компании имаат објекти во орбитата, што го прави вооружувањето на вселената глобална грижа, иако Договорот за вселената од 1967 година бара оружјето да остане на Земјата.
На 20 мај, резолуцијата на ОН предложена од Русија против трката за вооружување во вселената, не беше одобрена од Советот за безбедност, при што седум земји, вклучувајќи ги САД, Франција и Обединетото Кралство, гласаа против, а седум нации, вклучително Русија и Кина, гласаа за резолуцијата.
Минатиот месец Русија стави вето на резолуцијата на САД против нуклеарното оружје во вселената. Американскиот претставник во ОН, Роберт Вуд, во тоа време ја обвини Русија дека користи манипулативна тактика во однос на прашањето за нуклеарното оружје во вселената.
Видете и ова: САД ја обвинуваат Русија за невнимателен тест во вселенатаВо февруари, медиумските извештаи во САД ги опишаа нуклеарните амбиции на Русија во вселената и нуклеарниот потенцијал на антисателитското оружје како закана за националната и меѓународната безбедност.
Поради овие извештаи, Вашингтон ја обвини Русија дека развива антисателитско оружје, додека претседателот Џо Бајден јавно ги уверува Американците дека ниту тие, ниту Меѓународната заедница се соочуваат со каква било опасност.
Рускиот претседател Владимир Путин тогаш изјави дека неговата земја „отсекогаш била категорично против и сега е против распоредувањето нуклеарно оружје во вселената“.