Руски беспилотни летала погодија електрани рано утрината (22 мај) и ја исклучија електричната енергија во некои делови од регионот Суми во северна Украина, соопштија властите.
Во објава на комуникациската платформа Телеграм, регионалните власти соопштија дека беспилотните летала ги погодиле градовите Шостка и Конотоп, североисточно од Киев и во близина на границата со Русија.
Според регионалните власти, украинските воздухопловни сили собориле седум дронови користени во нападот. Службите за итни случаи работат на враќање на струјата во три окрузи.
Видете и ова: Украинските сили се борат за Вовочанск, САД ветуваат нова испорака на оружјеУкраинската војска соопшти дека соборила 24 беспилотни летала лансирани од Русија во нападот во текот на ноќта врз пет други региони на југот и на истокот на земјата.
Пред нешто повеќе од една недела, руските сили ја преминаа границата и почнаа да навлегуваат во североисточниот регион Харкив, а властите предупредија на трупање војници и можен напад врз соседниот Сумска област.