Премиерот на Словачка Роберт Фицо е свесен и комуникативен, а последователно му беше извршена томографија, соопштија денеска неговите лекари.
„Истовремено се преземаат натамошни чекори за подобрување на неговото здравје“, соопштија од болницата во словачкиот град Банска Бистрица, каде што премиерот се заздравува по атентатот.
Вицепремиерот Роберт Калинак пред два дена изјави дека Фицо е надвор од животна опасност, иако сè уште е во премногу сериозна состојба за да биде префрлен во болница во Братислава.
Видете и ова: Кој е Роберт Фицо?Словачкиот премиер Роберт Фицо беше застрелан додека се движел меѓу толпа луѓе во градот Хандлова откако претходно бил одржан состанок на владата, објавија локалните медиуми на 15 мај.
Тој беше погоден со неколку куршими, по што итно беше однесен во болница и му беа извршени неколку операции.
Министерството за внатрешни работи инцидентот го квалификуваше како „обид за атентат“, а осомничениот беше приведен.