Полицијата денеска уапсила судија од Врховен суд кој бил осомничен за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Судијата бил лишен од слобода на самото место додека го извршувал кривичното дело, наведуваат од Министерството.
Видете и ова: Стејт департмент: Сериозна владина корупција и ограничена слобода на изразување во Северна МакедонијаОд институцијата велат дека во моментов се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител.
Уапсениот судија има право да се повика на судиски имунитет за кој одлучува Судскиот совет на седница на Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови со право на глас.
МИА објави дека од Судски совет засега немаат добиено информација.