Властите во Косово на 20 мај објавија дека го затвориле претставништвото на Банката „Поштанска штединица Србија“ и нејзините пет други филијали во четири општини на северот на Косово каде мнозинство се Срби.
Косовската полиција соопшти дека акцијата на северот на Косово била спроведена врз основа на извештаи на институциите за финансиски надзор, како што се единицата за финансиско разузнавање и Централната банка на Косово, заедно со Даночната управа на Косово.
Во соопштението на косовската полиција е наведено дека акцијата се одвивала без проблеми и инциденти.
„Целта на полициската акција е воспоставување ред и законитост, при што по овластување на надлежен обвинител беа затворени шест единици на таканаречената нелегална Поштенска штедилница на северот од државата“, соопштија од полицијата.
Видете и ова: Косово го информирал Советот на Европа дека подготвува нацрт-статут за формирање на ЗСОВо акцијата на северот беа забележани членови на Мисијата на Европската Унија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС) и на мировната мисија на НАТО на Косово, КФОР.
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, им честиташе на институциите за „покажаниот успех“ за време на акцијата на северот.
Акцијата на косовските власти следеше една недела откако Централната банка на Косово објави дека завршил преодниот период за забраната на користење на српскиот динар за плаќање.
Србија силно се спротивстави на регулативата на ЦБК, која го предвидува еврото како единствена валута за плаќање.
Видете и ова: Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на КосовоДржавата Србија издвојува милиони евра за исплата во динари на плати, пензии и дополнителна помош на Србите во Косово.
ЦБК на 13 мај објави дека по завршувањето на периодот на транзиција, лиценцирала осум филијали на финансиски институции во општините со српско мнозинство, во Лепосавиќ, Звечан, Грачаница, Штрпац и една во Шилово во Гњилане.
Меѓународната заедница побара од Косово да го одложи спроведувањето на уредбата за ЦБК, наведувајќи го негативното влијание што може да го има врз српската заедница во Косово.