Апелациониот суд во Скопје одлучи дека поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков в четврток на 23 мај излегува од затвор, под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело.
Одлуката на Апелациониот суд доаѓа по жалбата на Мијалков на решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое Судот донесе одлука за условен отпуст на Мијалков со што тој требаше да излезе од затворот во Струга на 25 декември годинава, а условниот отпуст да му се смета до 25 април 2025 година.
Апелациониот суд Скопје решението по жалбата на Мијалков на одлуката на Кривичниот суд Скопје го донел на седница на 14 мај годинава која не била јавна.
Видете и ова: Кривичен дозволи условен отпуст за Мијалков„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КР-84/24, на нејавна седница на ден 14.05.2024 година, донесе решение со кое ја уважи жалбата на осудениот С.М. од С. и решението на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи така што осудениот се отпушта на ден 23.05.2024 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст -25.04.2025 година, да не стори ново кривично дело“, се вели во соопштението од Апелација.
Мијалков издржува казна затвор од три години во затворот во Струга за случајот „Империја“.
Тој во случајот „Империја“ призна вина и се спогоди со Обвинтелството, а казната беше три години затвор и одземање на имот вреден околу 30 милиони евра, меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот Мериот.