Претседателката Гордана Сиљановска Давкова првата официјална посета во странство ќе ја оствари во Ватикан и во Рим, каде што ќе ја предводи државно црковната делегација за чествувањето на Св. Кирил и Методиј, соопштуваат од претседателскиот кабинет.
На 23 мај, според протоколот, претседателката Сиљановска Давкова ќе има аудиенција кај Папата Франциск, а потоа средба и со генералниот секретар на Ватикан за односи со државите.
Чествувањето на сесловенските просветители ќе се одржи на 24 мај со посета на базиликата Свети Климент каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, а потоа и во базиликата Санта Мариа Маџоре каде венец ќе постават на плочата испишана на македонски јазик.
Видете и ова: Официјална Софија по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваатВо рамки на посетата на Рим, претседателката Сиљановска Давкова ќе се сретне и со нејзиниот италијански колега Серџо Матарела.
Сиљановска Давкова, како што соопштуваат од нејзиниот кабинет, се уште не е познато дали ќе има средба со претседателот на Бугарија, Румен Радев, чие доаѓање во Рим е исто така најавено по истиот повод.
Во 2021 година, тогашниот претседател Стево Пендаровски и бугарскиот претседател Радев заеднички полетаа за Рим. Радев со неговата делегација најпрво пристигна на скопскиот аеродром, потоа имаше неформална средба со Пендаровски и потоа двете делегации со бугарскиот авион заминаа во Италија.