Државната изборна комисија (ДИК) денеска на 105 седница едногласно го усвои предлогот да се повтори гласањето на седум избирачки места, по одлуките донесени од Управниот суд. Гласањето ќе се одржи идната среда, на 22 мај 2024 година.
Станува збор за прегласување во петтата изборна единица на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во изборната единица шест на избирачкото место 2101 во Општина Желино.
ДИК на седницата ги разреши и претседателите на избирачките одбори, членовите и нивните заменици во избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга, 1272 во Општина Охрид и 2101 во Општина Желино.
Со оглед дека се кратки роковите за избор на нови избирачки одбори за да биде регуларно прегласувањето, општинските изборни комисии (ОИК) ќе треба да ангажираат некои од веќе постојните избирачки одбори, или од најблиските избирачки места или некои други и за тоа ќе треба да достават известување до ДИК.
Видете и ова: Загриженост во ДИК поради изјави на политичари по приговорите за изборитеКампањата за повторното гласање ќе трае до понеделник, 20 мај на полноќ. Притоа, ќе важат истите листи за болни и немоќни лица и ќе нема можност да се пријавуваат нови.
Според ДИК, има можност за измени и предлози за овластени претставници на кандидати. Тоа важи и за членовите на избирачките одбори кои се предложени од политичките партии.
ДИК во рамки на седницата ги соопшти и освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав.
Членот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, произнесувајќи се по синоќешните одлуки на Управниот суд рече дека „ДИК го потврди своето професинално однесување и работење, докажа дека независно од изборните резулти, целосно ги почитува и правилно ги применува сите законските процедури“.
„Со одлуките на Управиот суд со кои целосно се потврдија решенијата на ДИК за поништување на гласањето, уште еднаш се докажа дека независно од изборните резултати, ДИК постапувала законски и врз основа на увид во целокупниот изборен материјал. Пораката е дека и покрај дневната политика, институциите постапуваат само според законските надлежности и материјалните докази со кои располагаат, изјави Кондарко.
Видете и ова: Сите седум тужби од „Европски фронт“ се неосновани, одлучи Управниот судПретходно, Управниот суд синоќа ги отфрли како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори.
Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.