Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо по атентатот во средата и по операцијата е стабилизирана, но сепак сериозна, така што транспортот од болницата во Банска Бистрица до Братислава или во странство сега не доаѓа предвид, изјавија словачката министерка за здравство Зузана Долинкова и заменикот премиер и министер за одбрана Роберт Калињак.
„Разговараме со премиерот со ограничени можности. Тие повреди се исцрпувачки. Нему му треба што е можно повеќе одмор и простор за лекарите кои работат на неговата состојба да се движи кон поволна прогноза. Се уште не сме победиле“, рече Калињак на прес-конференцијата во болницата Рузвелтова каде што лежи премиерот.
Заменик премиерот и најблизок соработник на Фицо изјави дека во наредните денови поради неговата тешка состојба не доаѓа предвид да се транспортира на понатамошно лекување во Братислава или во странство, од каде пристигнале многу понуди за помош.
„Мислам дека во моментов не чека понатамошна операција. Не сум лекар, но токму вчера (петок) потврди дека првата е добро направена и треба да спречи дополнителни компликации. Ризикот е голем, а состојбата е сериозна бидејќи по ваквите повреди, реакциите на телото можат да имаат многу компликации, можеби утре (недела) ќе бидеме пооптимисти“, рече Калињак.
Видете и ова: Кој е Роберт Фицо?Вицепремиерот потсети дека прогнозата на првиот ден, во средата, кога 71-годишниот Словак Јурај Цинтула испукал пет истрели од пиштол кон премиерот во градот Хандлова во централна Словачка, била многу лоша бидејќи истрелите кон стомакот обично завршуваат фатално.
Калињак, во врска со говорот на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека Роберт Фицо ќе му недостига многу во наредните месеци поради настаните во Европската унија и војната во Украина, истакна дека ништо не се менува во политиката што ја води словачката влада иако премиерот е во болница и дека главната задача на владата ја чека дома.
„Мораме да ја научиме демократијата да оди повторно. Го нарекоа Фицо најлошите епитети, рекоа да го запреме злото. Какво зло? Десничарските влади секогаш се распаѓаа и фрустрацијата од нивниот неуспех се претвораше во атентат. Треба да се вратиме назад до 2010 година кога сите се чувствуваа добро, политичарите, невладините, медиумите“, рече Калињак.
Калињак посочи дека сега е потребно државата да функционира, а општеството да има безбедност.