Жестоки судири и гранатирање го потресоа градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, изјавија очевидци.
Извештаите пристигнаа кога израелската војска објави дека првите 310 палети хуманитарна помош влегле на опколената територија преку дига изградена од САД.
Кувајтската болница објави дека во текот на ноќта во израелски напад загинале две лица во кампот за раселени лица во Рафа, а очевидци велат дека имало силно пукање и гранатирање во југоисточниот дел на градот.
Борбени авиони ги гаѓаа источните области на градот, пренесе Агенцијата Франс Прес.
Видете и ова: Блинкен со остра критика за воените планови на ИзраелПовеќе од десет дена откако израелската армија започна „ограничена“ операција во Рафа, борбите меѓу израелските сили и палестинските милитанти повторно се разгореа на северот на Појасот Газа.
Интензивни судири се случија во текот на ноќта во бегалскиот камп Џабалија, на северот од палестинската територија, откако израелската армија во петокот објави „можеби најлошото“ насилство во областа во повеќе од седум месеци војна.
Војната во Појасот Газа започна кога екстремистите на Хамас извршија напад без преседан врз Израел на 7 октомври, при што според израелските власти загинаа околу 1.200 луѓе, главно цивили.
Хамас киднапираше и околу 250 луѓе, од кои 100 се уште се заробени во Појасот Газа.
Израел потоа започна офанзива на Газа во која досега загинаа повеќе од 35.300 луѓе. Две третини од нив жени и деца и рани повеќе од 79.260 лица, според локалното Министерство за здравство, кое е под контрола на Хамас.