Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Обединетите нации (ОН) Златко Лагумџија во петокот објави дека е усогласен конечниот текст на резолуцијата за геноцидот во Сребреница.
Измените во текстот на резолуцијата се однесуваат на делот - по „според меѓународното право“ и пред „не е колективна“, сега се пишува зборот „индивидуална“, рече Лагумџија, кој конечниот текст на резолуцијата го даде на Радио Слободна Европа.
„Молчевме пред негаторите на геноцидот додека тие славеа и закажуваа, а потоа ги откажуваа непостоечките седници на Генералното собрание на ОН, како и додека тие „се пресметуваа“ со резолуцијата за геноцидот во Сребреница од 1995 година пред да ја прочитаат и додека текстот не беше ни завршен“, објави Лагумџија во објава на мрежата Икс.
Како што изјави, „ нив ги мачеше само еден збор – геноцид“.
„Сребреница е вратена на глобалната сцена во последните месеци - симбол на борбата за правда, вистина, помирување, учење, спречување на геноцидот и на крајот симбол на борбата против негирањето на геноцидот. Никој не може да избега од тоа веќе“, порача Лагумџија.
Како што наведе, усогласената конечна верзија на резолуцијата, која на 23 следниот четврток (23 мај) ќе им биде претставена на сите членки на ОН „не доведе до уште подобро „испеглан“ текст со два амандмани кои станаа интегрален дел од документот за кој ќе се гласа“.
Видете и ова: Предлог-резолуцијата за геноцидот во Сребреница испратена до Генералното собрание на ОН„Првиот амандман ги покренува аргументите на лажните патриоти кои промовираат непостоечка вина на „нациите од геноцид". Текстот гласи: „Повторуваме дека кривичната одговорност според меѓународното право за злосторството геноцид не може да се однесува на ниту една етничка, религиозна или друга заедница како целина“, наведе амбасадорот на БиХ во Обединетите Нации.
Кога станува збор за вториот амандман, „вториот укажува на зајакнување на единството во различностите, што не е само мотото на Европската унија, туку и природата на нашата земја како европска држава заснована на такви традиции. Текстот гласи: „Ја повторуваме нашата цврста определба за одржување и зајакнување на единството во различностите во Босна и Херцеговина“, наведува Лагумџија во објавата на мрежата Икс.
Тој потоа го сподели конечниот текст на резолуцијата, со порака: „Направивме се што знаевме и можевме. Нема да застанеме. Ви благодариме на сите што беа со нас“.
На 23 мај, Генералното собрание на ОН ќе гласа за предлогот за резолуција за прогласување на 11 јули за „Меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година“.
Резолуцијата се повикува на фактите утврдени со пресудите на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија и Меѓународниот суд на правдата, како и на домашните судови за геноцид на најмалку 8.372 Бошњаци и други воени злосторства во регионот на Сребреница, повеќе од 50 луѓе беа осудени на околу 700 години затвор.
Пресудите, меѓу другото, го осудуваа на доживотен затвор воениот претседател на ентитетот Република Српска и врховниот командант на армијата на Република Српска, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ.