Од 2015 година, Европската унија (ЕУ) ѝ даде на Србија повеќе од 220 милиони евра помош во областа на миграцијата и управувањето со границите, изјави Никола Бертолини - шеф на Одделот за соработка на Делегацијата на ЕУ во Србија.
На крајот од петдневната обука на граничарите во Суботица, Бертолини рече дека Србија усвоила стратегија за интегрирано гранично управување, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Тој додаде дека парите од Брисел биле испратени во Србија за поголема безбедност на границите и помош во борбата против нелегалните прекугранични активности, шверцот на оружје, експлозиви и наркотици.
„Зголемувањето на капацитетот на граничните служби води и до поефикасно откривање на нерегуларна миграција, трговија со луѓе и криумчарење“, рече Бертолини.
Видете и ова: Западен Балкан е важна транзитна зона за илегални миграции, покажа извештајот на ИОМТој посочи дека ЕУ планира да продолжи да ја поддржува Србија за спроведување на поефективен надзор и софистицирани гранични проверки, како и да обезбеди модерна опрема за таа цел.
Тој потсети дека за зголемување на обемот на трговската, туризмот и културната размена потребни се поотворени граници, но истовремено и одржување на високо ниво на безбедност на границите.
„Затоа сите гранични агенции треба да воспостават рамнотежа помеѓу строгите контроли и отворените граници“, рече Бертолини.
Владата на Србија го усвои акциониот план на ЕУ за интегрирано гранично управување во 2022 година.
Од почетокот на светската мигрантска криза во 2015 година, преку таканаречената балканска рута низ Србија поминале повеќе од еден и пол милион бегалци и мигранти, покажуваат податоците на надлежните органи на Обединетите нации (ОН).