Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари денеска изјави дека очекува до крајот на идната недела да биде договор околу идната влада меѓу колицијата „Влен“ и ВМРО-ДПМНЕ.
Откако „Вреди“ и ВМРО-ДПМНЕ формираа работни групи за формирање на владина коалиција по парламентарните избори на 8 мај, Таравари денекса изјави дека меѓу работните групи „владее позитивна атмосфера.
„Се надевам дека до крајот на идната недела ќе имаме завршен договор со програма на Владата и со распределба на ресори, односно кој и каде ќе биде како министер“, рече Таравари.
По гласањето на двојните избори на 8 мај, претседателски и парламентрани, ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу (58) мандати. Во албанскиот политички блок, Коалицијата „Влен“ освои 13 мандати, што е 6 помалку од коалицијата „Европски фронт“ која освои 19.
Видете и ова: Управен суд ја одби тужбата на „Европскиот фронт“ за решението на ДИК за избирачкото место во КрушевоНо, ВМРО-ДПМНЕ и Влен се во преговори за состав на идната влада. Таравари рече дека со Христијан Мицкоски досега имале две средби, а дека понатаму интензивно работат работните групи.
„Се надевам до понеделник ќе излеземе со заедничка програма, а до петок ќе имаме завршен договор меѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ, практично договор за нова влада“, изјави Таравари.
Потпретседателот на ДУИ Бујар Османи, чија партија е дел од коалицијата „Европски фронт“, денеска рече дека ако се прави владина коалиција без нивната партија, дека „тоа ќе ги разгневи сите Албанци кои ценат дека нивните гласови ќе бидат ништовни и потоа ќе бараат дополнителен механизам за заштита“, изјави Османи за приватната телевизија „Канал 5“.
„ДУИ е во постојано заседание, емоциите кај албанскиот народ се веќе вжештени и ние повеќе се обидуваме да менаџираме и да контролираме. Ќе сметаат дека Охридскиот рамковен договор не ги заштитува, не го заштитува нивниот глас, нивниот глас се игнорира, е ништовен за државата и дека ќе бараат дополнителен механизам за заштита“, рече Османи.