Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски и членовите на ДИК и уште неколку членови денеска изразија загриженост дека политички партии и високи владини функционери давале изјави за работата на ДИК за постапувањето по приговорите за парламентарните избори, кои според нив можат да бидат закана за нивната безбедност.
Во денешносто соопштение на ДИК, освен Даштевски, загриженост изразуваат и членовите на ДИК Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш Демири.
„Ве известуваме дека покрај тоа што сме лично понижувани и навредувани, исто така како членови во највисоката институција за организирање и спроведување на изборите, сме изложени и на неосновани и непримерени јавни политички притисоци и на закани за кривична одговорност поради донесените одлуки на ДИК“, се вели во реакцијата.
Тие велат дека според „контекстот и интензитетот на нападите, прозивките и навредите“ загрижени се и дека е можно тие да преминат и во лични напади на нивната сигурност.
„Ве известуваме дека ДИК во целост професионално, транспаретно и само врз основа на закон ги спроведе изборите што е потврдено од сите домашни и меѓународни фактори. Исто така и покрај сите непријатности кои ги имаме, сепак со највисок степен на интегритет врз основа на јавна проверка на изборниот материјал ДИК ги утврди фактите и одлучуваше по приговори поднесени од различни учесници за 110 избирачки места, од кои врз основа на образложени докази усвои приговори за само 7 избирачки места за кои имаше правен основ, додека сите останати 103 избирачки места, беа одбиени како неосновани и за нив немаше поднесено тужби ниту еден учесник на изборите“, се вели во реакцијата.
Видете и ова: Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинерингДржавната изборна комисија наведува дека е неприфатливо да има нападите, притисоци и мешање на одредени политички партии и на поединци од техничката Влада во изборните процедури и во работата и одлучувањето на ДИК и на Управниот суд.
Тие посочуваат дека за сето ова денеска на средба во ДИК била известена и амбасадорката на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР Џилијан Стирк.
Премиерот на техничката Влада Талат Џафери вчера на прес-конференција соопшти дека имало договор за надгласување во Државната изборна комисија за прифаќање на одредени приговори за изборните резултати и прегласување и оти на ваков начин се прави обид за изборен инженеринг за менување на бројките во Собранието и изигрување на волјата на граѓаните.
Изборниот процес кој беше оценет како кредибилен и демократски, сега е во рацете на Управниот суд, рече Џафери и повика сите институции да постапуваат согласно закон без партиски директиви од која било страна.
Управниот суд вчера одржа јавна седница по тужба на Коалицијата „Вреди“ по одлуката на ДИК за одбивање на нивниот приговор за избирачко место 0511, во Долна Бањица во Општина Гостивар на Парламентарните избори 2024 година.
Видете и ова: Ќе се прегласува во Желино, „Европски фронт“ со обвинувања дека ќе им бидат одземени пратенициПостапката беше прекината, откако претставникот на Коалицијата „Вреди“ изјави дека ја повлекува тужбата во целост.
До Државната изборна комисија беа поднесени вкупно 27 приговори за парламентарните избори - девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица.
Прифатени беа седум: шест во Петтата изборна единица и еден во Шестата изборна единица.
Во Изборната единица 5 прифатени беа приговорите за избирачките места 1272 во Охрид, 1194 и 1202 во Крушево, 1844 во Струга, 1470 и 1470/1 во Долнени. Во Изборната единица 6 прифатен е еден приговор за избирачкото место 2101 во Желино.
Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението.Управниот суд, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием. мд/дма/